ЈП Водовод и канализација - Скопје: Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 јули
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица за задоцнето плаќање е во тек, започна на 20 јуни и ќе трае заклучно со 31 јули 2024. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
Од ЈП Водовод и канализација Скопје ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.
Додаваат дека за секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје заинтересираните да контактираат на :
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
-
МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин