Јован Илиевски избран за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права
Парламентарното собрание на Советот на Европа со 106 гласови го избра Јован Илиевски за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа имаа избор меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски.
За Наташа Габер-Дамјановска гласаа 86 и за Звонимир Јанкуловски гласаа 5 парламентарци.
Мандатот на судијата е девет години, од Република Македонија ова ќе биде трет судија по зачленувањето во Советот на Европа. Првиот судија беше Маргарита Цаца Николовска, актуелен судија е Мирјана Лазарова Трајковска, чиј мандат истекува во феврураи.
Комисијата за избор на судии при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, на состанокот одржан на 29 и 30 септември 2016 година во Париз, каде имаше и разговори со кандидатите. Комисијата до останатите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, како најквалификуван кандидат предложен од Македонија, пред Јован Илиевски.
Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.
Гласањето за судиите е тајно во него зедоа учество 203 парламентарци и само 6 гласови беа неважечки.
Ново на Сител
-
Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот
-
Во Крушево најмногу дожд, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето во Лигата на шампионите
-
САД со рекорден трговски дефицит во март
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан