-->
-->
Јотовски со победа почна нов фјучрс во Тунис
-->

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски победи во првиот меч на главниот турнир на фјучрсот во тунискиот град Хамамет (награден фонд 15.000 долари). Тој денеска во игра на двојки заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора ги победија Џабор Мохамед Али Мутава од Катар и Габи Адриан Боитан од Романија.
Јотовски и Цунгу успеаја да направат пресврт во мечот откако ривалите го добија првиот сет со 6:4 во гемови, а по вториот сет изедначија на 1-1 добивајќи го со 6:3. Во решавачкиот сет што се играше на поени Јотовски и Цунгу беа подобри со 10-7.
Во поединечна конкуренција Јотовски ќе игра против четвртиот носител Џерард Гранољерс - Пујол од Шпанија.
По настапот во Тунис, Јотовски е пријавен и за настап на два фјучрс турнира во Италија со награден фонд од 25.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
