Вимблдон 2026 со рекордна посетеност

Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“.
Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач.
Во однос на вкупната посетеност, Вимблдон сè уште заостанува зад другите три Грен слем турнири.
Главниот настан на Австралија Опен привлече над 1,1 милион фанови оваа година. Минатата година, Отвореното првенство на САД привлече над 900.000 посетители, додека Ролан Гарос годинава го проследија 589.500 гледачи.
Другите три турнири ги одржуваат мечевите во текот на 15 дена, Вимблдон останува на 14 дена. Натпреварувачките турнири, исто така, ги одржуваат своите квалификациски настани на лице место една недела пред главниот турнир, што им овозможува да привлечат повеќе навивачи и да ги зголемат приходите. Квалификацискиот турнир на Вимблдон се одржува надвор од главниот стадион.
Ол Ингланд Клубот објави дека оваа година се поставени дневни рекорди на посетеност на 7., 12. и на 14. ден, кога Јаник Синер го победи Александар Зверев во машкото финале.
МИА
Ново на Сител
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
