ЈОРСМ: Поведена постапка за осомничен за тешка кражба од автомобил
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Оценувајќи дека постои опасност обвинетиот повторно да се даде во бегство, јавниот обвинител предложи неговото присуство да го обезбеди со притворска мерка, соопшти ЈОРМ.
Осомничениот 22-годишник, на 16 јули 2024 година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари.
Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК траги пронајдени во ограбеното возило.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта