Ракомет
17. January 2016 - 9:03

Јоноски: Внимателно Полска е освојувач на медал од СП во Катар

Дуелот во Белград меѓу Македонија и Полска, нашата репрезентација го доби со 27:25. Еден од столбовите во нашата одбрана Ацо Јоноски, не го заврши дуелот бидејќи кон средината на првиот дел во еден дуел со противнички играч заработи повреда на носот (скршеница). 
 
- Полска одигра можеби нешто послаб натпревар на отворањето. Тие се маклу под притисок дека се домаќини. Тоа треба да се искористи. На последното СП во Катар освоија медал, а во полуфиналето беа блиску и до финалето, топка две ги делеше од него, истакна Јоноски.
 
Од Краков,
Марјан Ников