Јолевски - Мек Гваер: Млади офицери на обука во САД, заеднички вежби на Криволак

Македонија и САД имаат одлична соработка и партнерство во областа на одбраната, истакнал министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната средба во Скопје со заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мек Гваер.
Јолевски, информираат од Министерството за одбрана, истакнал дека заедничкото учеството на вежби, како и учеството во мировните мисии, како што е Мисијата „Одлучна подршка“ во Авганистан се потврда за партнерството меѓу двете земји.
Тој изразил особено задоволство за можноста за заеднички вежби во Македонија на елитните единици на САД со Полкот за специјални работи на АРМ, активности кои се должат на одлично воспоставената соработка со Командата на специјалните сили на САД во Европа.
Генерал-мајор Мек Гваер ја поздравил одлуката на министерот Јолевски за испраќање на млади офицери кои ќе бидат идните лидери и носители на одлуки во Армијата и го информирал дека и оваа година македонски кадет е примен на Воено-воздухопловната академија во Колорадо. Јолевски и Мек Гваер изразиле подготвеност за натамошно интензивирање на соработката која ќе придонесе за создавање на силна генерација на млади лидери офицери.
На средбата станало збор за можностите за искористување на капацитетите на армискиот полигон Криволак и одржување на заеднички вежби меѓу АРМ и копнените сили на САД.
Воедно се дискутирало и за придонесот на АРМ во мировните мисии и идните планови за дополнително ангажирање во мисиите поддржани од Обединетите нации кои се очекува да започнат во втората половина на годинава.
Во текот на денов генерал-мајор Мек Гваер ќе има средба и со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, а потоа ќе се одржи и работна средба на работните групи за обуките и идните вежбовни активности заедно со копнените сили на САД за Европа.
Ново на Сител
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
