Јавното комунално претпријатие во Ресен доби багер – ровокопач

Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен денеска доби багер - ровокопач во вредност од околу два милиони денарa, средства што oпштината ги обезбеди преку проектот за заштита на Преспанското Езеро.
Со зголемувањето на капацитетите на ЈКП, како што рече градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, ќе се овозможи поефикасно управување со отпадот во општината.
- За потребите на ЈКП „Пролетер“ општината планира да набави и урбано возило за подигање и транспорт на комунален отпад, кое посебно ќе биде наменето за оние градски улици каде постоечката механизација нема пристап, истакна Стрезовски.
Според директорот на претпријатието Љупчо Крстевски, багерот ќе овозможи голема флексибилност во урбаните средини.
- Машината ќе се користи за одржување на водоводната мрежа, за копање ровови, кршење асфалт и многу други операци во процесите на интервенција на дефекти на водоводна и канализациска мрежа, како и операции поврзани во градската депонија, рече Крстевски.
Преку проектот за заштита на Преспанското Езеро во висина од околу шест милиони швајцарски франци, изминатите две години реализирани се активности за зајакнување на капацитетите на ЈКП, но и во делот со изградба на системи за одведување на отпадни води низ населените места во општина Ресен, подобрување на водоснабдувањето преку рационално искористување на природните ресурси, поддршка на Паркот на природата Езерани, како и подршка на воспоставениот мониторинг на Преспанското Езеро.
Проектот го реализираат општина Ресен и УНДП со донаторски средства од Швајцарската агенција за развој, а ќе трае до 2018 година.
Ново на Сител
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
-

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ - учениците влегуваа од другата страна
-

Дрон погоди минибус во рускиот Брјански регион, возачот загина, а пет лица се повредени
-

Бесент: Русија ќе ги почувствува последиците од американските санкции
