Јавна расправа за Предлог-законот за амнестија
Јавна расправа по предлог-законот за амнестија организира денеска Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Со законот треба да бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3.097 лица да биде намалена казната за 30 проценти.
Предлог-законот за амнестија во прво читање доби поддршка од пратениците на собраниска седница што се одржа пред три дена.
Министерството за правда при подготвувањето на законот ги имало во предвид условите во казнено-поправните установи како институции кои треба да овозможат и обезбедат успешна ресоцијализација на осуденичката популација и кои, како што посочи на собраниската седница заменик-министерот за правда Ристовски, неспорно се пренатрупани, условите за престој од меѓународните организации се оценети како нехумани, а опасноста од криминална инфекција во казнено-поправните установи е реална.
Затоа се оценило дека е неопходно донесување закон со кој група лица осудени на казна затвор до шест месеци за лесни кривични дела ќе се ослободат од издржување на казната. За другата затворска популација е предвидено намалување на вкупната казна за 30 проценти освен за делата што со овој предлог се изземени од амнестија.
Ново на Сител
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител