Јавна расправа за измените на Законот за заштита од пушење
Собраниската Комисија за здравство денеска организира „Предлог-закон за изменување на Законот за заштита од пушењето“.
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика.
Комисијата за надворешна политика треба да расправа за Предлог - законот за рестриктивни мерки, во второ читање. На дневен ред се и предлог законите за ратификации на Договорот за основање на транспортната заедница, на Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 година меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот, на Дополнителен билатерален договор кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети од 20.04.1959 година, со цел олеснување на нејзината примена, на Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година за олеснување на нејзината примена и на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија