-->
-->
Јавна дебата по повод Неделата на пешаците
-->
На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Безбедноста на пешаците - одговорност на сите нас“, по повод Неделата на пешаците.
Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.
Најавено е учество на експерти од областа на сообраќајот и претставници на надлежни институции, а ќе се обрати и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
РСБСП соопшти дека целта на дебатата е „да ја потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да ги истакне предизвиците со кои тие се соочуваат и да промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта