Јапонија повлече од употреба 1,6 милиона дози од вакцината „Модерна“
Јапонија денеска ја прекина употребата на 1,63 милиона дози од вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули има „непознати материјали“.
Јапонското Министерство за здравство соопшти дека примило извештаи од неколку центри за масовна вакцинација, во кои се наведува дека е откриено дека во одредени неискористени дози на вакцината на „Модерна“ се наоѓаат „ непознати материјали“.
Јапонскиот производител на лекови „Такеда фармасјутикал“, задолжен за дистрибуцијата и продажбата на вакцините на „Модерна“ во земјата, соопшти дека како мерка на претпазливост ја суспендира употребата на околу 1,63 милиона дози произведени во истата производствена лента, пишува агенцијата Кјодо.
Министерството за здравство и оваа компанија наведуваат дека допрва треба да ги проучат извештаите за можна нарушена безбедност на вакцината.
Според Министерството, „Модерна“ ветила дека веднаш ќе отвори истрага.
Извештаите за контаминација стигнаа од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи беше потврдено во 39 ампули.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци