Јапонија поднесе во СБ на ОН своја резолуција за истрага на хемиските напади во Сирија
Откако предлог-резолуциите на САД и Русија за продолжување на мандатот на Мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје во Сирија не минаа во Советот за безбедност на ОН, Јапонија предложи трет текст на резолуцијата.
Во него се бара продолжување од 30 дена на Мисијата, чиј мандат завршува денеска. Со текстот се бара од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во рок од 20 дена да поднесе предлог за структурата и методологијата на работа на таа Мисија.
Русија синоќа ја блокираше предлог-резолуцијата на САД за продолжување на Мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје во Сирија, откако претходно ја повлече својата предлог резолуција.
Предвидено беше СБ да разгледува двете предлог резолуции - руска и американска, за продолжување на Мисијата во Сирија.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја изјави дека ја повлекува руската предлог резолуција бидејќи не бил постигнат договор на седница на СБ на ОН да се гласа за неа по американскиот документ.
Во СБ се гласаше за предлог резолуцијата на САД. Документот доби поддршка од 11 држави, а „против“ се изјаснија Русија и Боливија, додека Кина и Египет беа „воздржани“.
Тоа е десетто руско вето за некоја предлог резолуција во СБ на ОН за Сирија.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје