Јапонците гласаат за Горен дом на Парламентот

Јапонците денеска бираат претставници на Горниот дом на Парламентот, каде, како што се очекува, владејачкиот блок на премиерот Шинѕо Абе ќе го зајакне мнозинството.
Ќе се гласа за 124 места во Горниот дом, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.
Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.
Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.
Ново на Сител
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
-
Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија
-
Промена на времето: Доаѓаат дождови и пад на температурите
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија