САД спроведоа прв реален тест за програмата за противракетна одбрана
САД и уште неколку сојузнички земји вчера првпат спроведоа тестирање на Програмата за противракетна одбрана (ПРО) во Европа, уништувајќи пробна балистичка ракета во северниот дел на Атлантскиот Океан, јави ТАСС.
Тестирањето е спроведе од ескадрилниот миноносец „Рос“, што учествува во военопоморските маневри заедно со бродови од неколку земји-членки на НАТО.
- Тоа беше првото истрелување од полигон надвор од САД на ракета-пресретнувач „Стандард-3 Блок ИА“ или накусо СМ-3, произведена од компанијата „Рејтан“ и прво пресретнување на балистичка ракета на европската сцена на воени дејствија, се вели во соопштението на прес-службата на военопоморските сили на САД.
Се прецизира дека малата балистичка ракета „Териер-Орион“ била истрелана од полигон на Хебридните острови крај западните делови на Шкотска.
Целта била пресретната и проследена од холандски воен брод, а информацијата била дадена на миноносачот „Рос“, што успешно ја пресретнал балистичката ракета во вселенското пространство, користејќи го системот „Иџис“, се наведува во соопштението.
Во планираниот тест учествувале бродови од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шпанија и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари