Јанкуловска спроведена во затвор

Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево околу 18 часот од зградата карши МВР во која раководеше со полициска придружба е спроведена во затворот Идризово за издржување на 4 годишна затворска казна за случајот ТЕНК.
Според информации на Сител таа е сместена во карантинското одделение каде што ќе остане 14 дена и до изготвување на нејзиното досие.
Директорот на затворот Идризово за Сител вели дека ќе бидат земени сите околности во предвид како и безбедносни со оглед дека Јанкуловска доби закани по нејзиниот живот на социјалните мрежи од Станислава Чочоровска. Тој тврди дека во моментов Јанкуловска е безбедна во одделението каде што се наоѓа.
Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласени Ѓоко Поповски кој веќе е во извршување на казната затвор и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, осуден на две години затвор.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-

Преглед на вестите од светот
