Јаневска и Андоновски на средба со Захариева: Македонија се фокусира на науката и иновации и добива зголемена поддршка од програмите на ЕУ
Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се дискутираше на денешната средба на министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски со еврокомесарката за стартапи, истражувања и иновации Екатерина Захариева и директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер.
Како што информираат од МОН, средбата се одржала во рамки на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица, Црна Гора, а македонските министри потенцирале дека државата се фокусира на развој на науката и иновациите, создавајќи повеќе можности за научниците и истражувачите.
Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се
-Со значително зголемен буџет на државата за оваа намена, годинава поттикната е реализацијата на бројни научно – истражувачки проекти од јавен интерес, кои се во корелација со целите на Националната стратегија за паметна специјализација, а со поголема поддршка од Европската унија интензивирано е и учеството на македонскиот научно – истражувачки потенцијал во Европската истражувачка област (ЕРА), како и во Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) и Хоризонт програмата преку која со 13 милиони евра финансирани се 81 проект од нашата земја, велат од МОН.
На средбата било посочено дека Македонија ги следи глобалните трендови поврзани со примената на вештачката интелигенција, а ВИ алатките наоѓаат сè поголема примена и на македонскиот научно – истражувачки простор.
Захариева и Хенцлер ја поздравиле иницијативата на Владата за основање на првиот научно - технолошки парк под надлежност на државата и истакнаа дека соработката помеѓу Македонија и Европската унија се развива во добра насока.
МИА
Ново на Сител
-
Голема акција во прилепската болница: Повеќе лица на раководни позиции приведени поради сомнежи за злоупотреби
-
Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија
-
Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ
-
Цените на нафтата на светските берзи стабилни - околу 61 долар за барел
-
Нема планови за средба Путин - Трамп во блиска иднина, велат од Белата куќа
-
Киев ја продолжи воената состојба до февруари 2026 година
-
Фон дер Лајен: Европа мора да се бори за своето место услови на промена на глобалниот поредок
-
Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето