-->
-->
Јанева тврди дека не влијаела врз судии ниту ги "тресела од гаќи"
-->

Рече дека до судот СЈО доставило предлог за укинување на притворот за осуммина осомничени во предмети кои ги водело специјалното обвинителство, но одлуките дали притворот ќе им се замени со куќен притвор ги донел судот.
-Одговорно тврдам дека никогаш не сум влијаела врз судии од Кривичниот суд или Апелациониот суд ниту сум ги "тресела од гаќи", изјави Јанева.
Давајќи ја својата одбрана во предметот Рекет каде е обвинета за злоупотреба на службената положба, објасни дека обвинителството со кое таа раководела поседувало огромен број материјални и вербални докази за "Империја". Ја пофали обвинителката Лиле Стефанова која го работела предметот и рече дека од првиот момент па се до денес ја имала нејзината поддршка и доверба. Смета дека Стефанова била пример како треба да постапува еден јавен обвинител.
Инаку на крајот од рочиштето кога за сведок беше повикана обвинителката Стефанова, нејзината колешка Јанева ја нарече "ороспија"
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски