Јанакиевски и Ристовски негираат дека Александар Василевски-Нинџа го виделе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Обвинетите поранешни министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски негираат дека Александар Василевски-Нинџа го виделе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот министер Спиро Ристовски во својата одбрана рече дека дека никогаш не комуницирал со Нинџа, ниту го видел, ниту го повикал на 8от кат во штабот на партијата.
Во својата одбрана Јанакиевски рече дека Нинџа прв пат го видел во судница. Пред судот се пожали дека бил најприслушкуваниот човек во државата. Се согласи да оди на полиграф со Нинџа за да се утврди кој ја говори вистината.
Неговата одбрана ќе достави до судот доказ дека има 45.000 незаконски снимени разговори и 155.000 СМС пораки. Во нив јасно може да се види дека немам никаква комуникација со Нинџа , вели Јанакиевски. Одбрана дава поранешниот прв човек на УБК Владимир Атанасовски
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини