Јамал под истрага за роденденската забава

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си.
Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.
Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (АДЕЕ) го осуди потегот, нарекувајќи го „неприфатлив во 21. век“.
„АДЕЕ поднесе тужба и побара од Државното обвинителство да истражи дали е прекршен законот и дали се загрозени правата на лицата со попреченост“, соопшти шпанското Министерство за социјални права.
Во соопштението на АДЕЕ се наведува дека ангажирањето луѓе со џуџест раст за забава „ги продлабочува стереотипите, поттикнува дискриминација и ги нарушува достоинството и правата на лицата со попреченост“.
Сепак, еден од изведувачите кој, наводно, настапил на забавата, во изјава која ја даде за шпанското радио РАЦ1 под услов да остане анонимен, го бранел Јамал.
„Никој не нè навреди. Не разбирам зошто има толку многу прашина. Ние сме нормални луѓе кои прават што сакаат и тоа го прават на апсолутно легален начин. Знаеме каде се границите и никогаш нема да ги преминеме – ние не сме саемска атракција“, посочи изведувачот.
Ново на Сител
-

Современиот начин на живот влијае врз младите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
