Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, откри кои тимови ужива да ги гледа во слободно време.
Деветнаесетгодишниот Шпанец го именува Реал Мадрид, а меѓу европските клубови го издвои ПСЖ.
– Сакам да го гледам Бетис. Виљареал е навистина забавен тим. Ги гледам сите натпревари од Премиер лигата, го вклучувам ТВ напладне и уживам. Го следам ПСЖ во Лигата на шампионите затоа што ми се допаѓа како доминираат над противниците и колку се супериорни. Го следам Реал Мадрид, но бидејќи секогаш сакам да губат, честопати едноставно ги пропуштам, рече Јамал во интервју за програмата „Универзо Валдано“ на телевизискиот канал Мовистар.
Јамал игра за сениорскиот тим на Барселона од 2023 година и со нив освои три шпански првенства.
По шест кола од сезоната 2026/27 во Ла Лига, „Блауграна“ е на чело на табелата со 18 бода. Реал Мадрид е втор со 15 бода.
МИА
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
