Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
Со празнични литургии и молитви православните верници денеска ја одбележуваат Мала Богородица.Во струмичко, еден од најпосетените верски објекти за празникот е манастирот ,,Воведение на Пресвета Богородица Елеуса,, во Вељуса. Празнувањето започна уште синоќа, а продолжи и во текот на денешниот ден.
Ниту врнежливото време не ги спречи верниците да дојдат во еден од најстарите манастири во државата и да ѝ оддадат почит на Мајката Божја.
За отец Симеон од Струмичката православна епархија, Раѓањето на Пресвета Богородица е значаен празник кој го означува почетокот на радоста и спасението.
Во Вељуса и оваа година пристигнаа верници од повеќе краеви на државата. За нив, празникот е ден исполнет со духовна радост и заедништво.
Вељушкиот манастир постои од 1080 година, кога тивериополскиот епископ Мануил подигнал црква посветена на Богородица. Според манастирските преданија, таа е единствената црква од тој период во земјава целосно сочувана без доградби.
Празнични литургии беа одржани и во останатите православни храмови во Струмичката епархија.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
