Живот
11. September 2017 - 12:05

Ја зеде машинката в раце и ја избричи цела глава: Нејзината одлука стана инспрација за многу жени

Една девојка чие име не е познати се одлучи да направи драстична промена на својот имиџ, и тоа го забележа со камера.

Видеото стана вирално во краток рок и многу корисници на социјалните мрежи ширум светот го споделија нејзината промена.

-Одамна сакав да се ишишам ќелаво и одлучив тоа токму денеска конечно да го направам. Тоа беше на мојата листа желби, а и онака никогаш многу не сум ја сакала многу својата коса, рече и ја зеде машинката во раце.

Следуваше силна порака до жените, но и до сите други луѓе ширум светот, не плашете се од промените и освежувањата во своите животи.

-Заборавете ги овие прикази, „ќе го направам тоа кога ќе дојде време“ - сега е време, заклучи девојката шишајќи се келаво.

-Косата не е мерило за убавина, рече на крајот потполно задоволна од својата нова фризура.