-->
-->
Ја уби мајката на фудбалерот на Црвена ѕвезда па на својата девојка и испратил морничава порака: Ја заклав баба и сега имам 20.000 динари
-->

За ова злосторство е осомничен нејзиниот внук, кога полицијата го затекнала зад компјутер во блиската играчница и тој веднаш е приведен.
Тој на својата девојка и и испратил морничава порака која гласела: Ја убив бабата и сега имам 20.000 динари.
Срѓан во претпладневните часови се скарал со таткото и отишол кај бабата. Кога стигнал кај неа, таа му сварила кафе.
Додека го пиел кафето, Мира легнала да се одмори малку, а тој тогаш го извадил ножот, кој како што рекол, постојано го носел со себе. Несреќната жена шест пати ја избодел во вратот.
Инаку синот на Мира Шарац е познатиот српски фубалер Драган Шарац кој играл за Обилиќ додека Аркан беше живи и тогаш освоија една титула.
Нешто подоцна замина за Австрија, каде играше за нивните клубови, а по враќањето во Србија две сезони играше за Црвена Звезда, во периодот од 2003 до 2005 година.
Моментално е помошен тренер на Чукарички. За репрезентацијта на Југославија настапувал на шест натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот