-->
-->
Извршил „разбојничка кражба“ во продавница, го уапсиле па нападнал полицаец
-->
Вчера во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик, информира МВР.
Од МВР, додаваат дека тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица