Извозот зголемен за 14,1, а увозот за 9,9 отсто
Вкупно 7.520.725.000 евра изнесува трговската размена на Македонија од јануари до август 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Извозот изнесува 3.191.856.000 евра и бележи пораст од 14,1 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот е 4.328.869.000 евра или 9,9 проценти повеќе. Трговскиот дефицит изнесува 1.137.013.000 евра.
Според ДЗС, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот.
Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Според вкупниот обем на надворешната размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра