Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска го обвини либанското движење Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот и предупреди дека неговата земја може да биде „принудена“ да дејствува.
Кац рече дека борците на Хезболах сè уште не се повлекле северно од реката Литани во јужен Либан, на околу 30 километри од границата со Израел.
„Доколку тој услов не биде исполнет, нема да има договор и Израел ќе биде принуден да дејствува еднострано за да обезбеди безбедно враќање на жителите на северот (од Израел) во нивните домови“, рече Кац.
Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 27 ноември, два месеци по отворената војна меѓу Израел и Хезболах, кој од судирите излезе значително ослабен, а неговото раководство во голема мерка е уништено.
Според договорот, либанската армија и мировниците на ОН треба да бидат распоредени во јужен Либан, а израелската армија да се повлече во рок од 60 дена. Исто така, се предвидува дека Хезболах ќе се повлече на околу 30 километри од израелската граница.
Од почетокот на примирјето, двете страни меѓусебно се обвинуваат за постојано прекршување.
Ново на Сител
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно