Израелската армија го пронашла и го уништила станот во кој се криел лидерот на Хамас
Израелските одбранбени сили (ИДФ) вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија и под него голема мрежа од тунели.
Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена од елитната борбена инженерска единица Јахалом, која го пронашла влезот во тунелот.
ИДФ изјави дека во станот имало предмети што укажуваат дека Синвар го користел како скривалиште.
Влезот во тунелот долг 218 метри бил на длабочина од дваесет метри и имал неколку странични премини, јавуваат израелските медиуми.
Во тунелот имало снабдување со електрична енергија и вода, систем за филтрирање на воздухот, соба за молитва и друга опрема што им овозможувала на членовите на исламската екстремистичка група Хамас да останат скриени таму долго време.
Тунелот потоа беше уништен, објави армијата и објави видео на платформата „Х“.
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници