Израелска министерка: Лекарите имаат право да не третираат хомосексуални пациенти врз религиска основа
Министер во Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи од религиозни причини да им се дозволи на израелските лекари да одбијат третман на ЛГБТК пациенти.
Новата министерка за национални мисии, Орит Струк од Верската ционистичка партија, контроверзната изјава ја даде при гостување во радио-програма. Таа посочи дека лекарот може да одбие да лекува пациент доколку тоа ги нарушува неговите религиозни убедувања „се додека има доволно други лекари кои можат да ја пружат оваа услуга“.
Израелскиот претседател, Исак Херцог, ја осуди растечката анти-ЛГБТК реторика во неговата земја.
„Расистичките изјави во последните денови против ЛГБТК заедницата и другите делови од јавноста ме прават крајно загрижен“, рече Херцог. Претседателот кој има главно церемонијална функција, додаде дека таквата реторика ги поткопува израелските „демократски и морални вредности“.
Премиерот Нетанјаху ги нарече „неприфатливи“ забелешките на идниот министер и ги отфрли тврдењата дека неговата нова Влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.
Сепак, критичарите предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефективно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да протуркаат закони што се во согласност со она што тие го сметаат за божествено религиозно наследство, пишува „Гардијан“.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис