Израел првпат ќе отвори официјално претставништво во ОАЕ

Израел следните недели првпат ќе отвори официјално претставништво во Абу Дабу, главниит град на Обединетите Арапски Емирати, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Емануел Нахшон, јави ДПА.
Тој додаде дека новата мисија ќе биде официјално акредитирана во Меѓународната агенција за обновливи енергетски извори, чие седиште е во Абу Даби.
Тој одби да ја коментира статијата во израелскиот весник „Аарец“, кој отворањето на мисијата го нарече „дипломатски успех“ за Израел.
Тоа нема да биде формална амбасада, бидејќи Израел нема дипломатски односи со ОАЕ, но сепак е првото „официјално и видливо“ израелско присуство во арапска земја од регионот на Персискиот Залив.
Единствените арапски земји со кои Израел има дипломатски односи се Египет и Јордан, со кои потпиша мировни преговори во 1979, односно 1994 година.
Ново на Сител
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
