Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан

Израелската армија соопшти дека погодила неколку цели во Либан, вклучувајќи објекти на Хезболах во различни области на југот на соседната земја, објави ДПА.
ИДФ соопшти дека меѓу целите е и полигон за обука што го користела елитна единица на либанската шиитска група поддржана од Иран, како и згради за кои се верува дека биле користени како складишта за оружје.
Либански безбедносни извори изјавија дека повеќекратни напади биле извршени во различни делови од јужен Либан, кои ги опишале како „тешки“, што, пак, предизвикало паника меѓу жителите на околните области.
Локалните медиуми објавија десетици напади, но не дадоа информации за можни жртви.
Сведоци изјавија дека израелски борбени авиони летале над главниот град Бејрут и други региони.
Во последните неколку недели повторно разгореа тензиите меѓу Израел, Хезболах и либанската Влада, поттикнувајќи стравувања од нова ескалација на конфликтот.
Клучниот рок за разоружување на Хезболах истече во средата откако либанската Влада, под притисок на САД и Израел, се согласи да ја заврши првата голема фаза од разоружувањето до крајот на минатата година.
Израел го обвинува Хезболах за прегрупирање и вооружување и вели дека ќе продолжи да ги напаѓа позициите на групата.
Локални либански извори наведуваат дека откако стапи на сила прекинот на огнот, во ноември 2024 година, повеќе од 100 цивили се убиени во речиси секојдневни напади во земјата.
Хезболах никогаш не се согласи со распоредот за разоружување. Нејзиниот лидер, Наим Касем, постојано нагласува дека групата ги почитува условите на постојниот прекин на огнот, додека Израел не. Хезболах, исто така, бара повлекување на израелските трупи од нивните пет преостанати позиции во јужен Либан.
МИА
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
