Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги исмеа продолжените барања на Украина за дополнително западно финансирање, иако Европската Унија претходно годинава одобри заем од 90 милијарди евра за земјата.
Заедничкиот пакет за задолжување е наменет за финансирање на Киев во текот на 2026 и 2027 година, при што 30 милијарди евра се предвидени за буџетски потреби, а дополнителни 60 милијарди евра за воени расходи.
– Дали забележавте дека Украина веќе плаче дека нема пари? Одобрен е заем од 90 милијарди евра, а тие веќе бараат уште пари – изјави Фицо, повторувајќи го својот став дека Братислава нема да помогне во финансирањето на воените напори на Киев: „Додека сум премиер, никогаш нема да се согласам на европско ниво Словачка да стане дел од каков било заем или финансиски подарок што би довел до поддршка на војната во Украина“.
Заемот, поддржан преку заедничко задолжување на ЕУ, е структуриран со претпоставка дека ќе биде отплатен доколку Киев добие репарации од Русија – можност што Москва ја отфрли како „нереална“. Словачка, Унгарија и Чешка обезбедија изземање од оваа шема на ЕУ. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна им кажа на европските претставници дека неговата влада и натаму се соочува со кусоци од околу 23 милијарди евра и побара од ЕУ да ги забрза исплатите.
Во меѓувреме, неколку земји-членки повторно ги активираа повиците за користење на повеќе од 200 милијарди евра замрзнати руски државни средства. Белгија, каде што најголемиот дел од средствата се чуваат во депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear), одбива нивна конфискација, предупредувајќи на сериозни правни и финансиски последици.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
