-->
-->
Израел планира да депортира десетици илјади баратели на азил од Африка
-->
Израелската Влада им нуди по 3.500 долари и авионски билет на барателите на азил во Израел, кои доаѓаат од Судан, Еритреја и други африкански држави, доколку прифатат релокација во некоја од побезбедните држави во Африка, а во спротивно им се заканува апсење.
Понудата е упатена до 20.000 баратели на азил, од вкупно 37.000 колку што ги има во Израел, а рокот да се прифати изнесува два месеци.
Израелскиот министер за внатрешни работи Арје Дери изјави дека Израел како мала држава, не може да се справи со толку голем број мигранти.
Критики на планот упатија дел од еврејската верска заедница, како и здружение на лица што го преживеале Холокаустот, кои бараат од Владата да обезбеди престој за бегалците и мигрантите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница