Израел не постигна договор со Хамас за следната група заложници, но примирјето продолжува

Израел и Хамас првично не се договорија за следната група заложници што исламистите ќе ја ослободат денеска со цел да се продолжи примирјето кое истекува во 7 часот утрово по локално време, но потоа двете страни рекоа дека прекинот на огнот ќе трае најмалку уште еден ден.
Тел Авив објави дека израелските вооружени сили се подготвени да продолжат со оган во секој момент. Хамас, пак, го обвини Израел дека не ја прифаќа предложената група заложници за ослободување.
Палестинското движење соопшти дека има седум жени и деца, плус три тела на затвореници за кои велат дека биле убиени во израелските воздушни напади.
Портпаролот на израелската армија, Дорон Шпилман претходно за новинарите изјави дека не е постигнат договор.
-Според тоа, како што истекува сегашниот прекин на огнот, израелската армија е распоредена и целосно подготвена да ги продолжи своите операции во Појасот Газа, рече тој.
Подоцна, израелската армија соопшти дека примирјето продолжува „во услови на напорите на посредниците да ослободат повеќе заложници, во согласност со условите од прекинот на огнот“.
Хамас исто така потврди дека се согласиле да ја продолжат хуманитарната пауза седми ден.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
-

Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми
-

Пет лица нападнале малолетник во Центар, под заканила со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон и го истепале
-

Дедо истепал 21-годишна девојка во Ѓорче Петров
-

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
-

Неколку лица од Сарај испукале куршуми кон 28-годишник, но не го повредиле
-

Три лица напднале маж од скопско, му одзеле пари, па едниот од нив го удрил со пиштол по глава
