Изминатите три дена 17 сообраќајки во Скопје, 7 лица полесно повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 17 сообраќајни несреќи, во кои седум лица се полесно повредени, а во 12 е причинета материјална штета.
Во петокот, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Во од нив три лица се здобиле со полесни повреди, а во четири сообраќајни несреќи е причинета материјална штета,
Во саботата, пак, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни несреќи. Во една од нив едно лице е полесно повредено, а во пет е причинета материјална штета.
Вчера со случиле вкупно пет несреќи. Три лица се полесно повредени во две од нив, а во три е причинета само материјална штета.
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санционирала поголем број прекршоци, меѓу кои седумдесет и шест возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата. Седум возачи се исклучени од сообраќај бидејќи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, четворица возачи поминале на црвено светло на семафорот, девет возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 26 возачи ги управувале возилата без возачка дозвола односно нерегистрирани. Затекнати се 73 непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и пет возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 92 возила.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење