Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци

Во текот на првите два работни дена од овој месец (01./02. 09.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1103 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.
Притоа, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 369 прекршоци, за неправилно паркирање 353, додека пак 98 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Исто така, за 53 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 26 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, 41 возач на мотоцикл за неносење заштитен шлем.
Покрај ова евидентирани се четири случаи на минување на црвено светло, санкционирани се и двајца пешаци и еден возач на електричен тротинет, а од сообраќај се отстранети петмина возачи за управување на возило со прекумерно количество алкохол во крвта, лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, од кои едно за возење под дејство на алкохол, едно за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а две лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Согласно пак Законот за возила во посочените два дена беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 27 по основ на возила коишто не биле регистрирани и биле исклучени од сообраќај.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
