Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.
Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници кои ќе се избираат во октомври на редовните локални избори.
- По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност, велат од Владата.
Измените предвидуваат распишување на референдум за градоначалник доколку 20 проценти од граѓаните побараат предлог за негово разрешување.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински неколкупати досега информираше дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници. Со измените се очекува да се подобри состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.
Од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) попладнево го поздравија поминувањето на предлог-законското решение на Влада и изразија надеж дека овој закон ќе биде донесен од Собранието во најкраток рок.
- ЗЕЛС ја поздравува одлуката на Владата на РСМ за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, а особено делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција Ова е долгогодишно барање на ЗЕЛС и се надеваме дека со овие измени, по донесување на овој Закон, општините ќе обезбедат многу подобри услуги кон своите граѓани, информираа од ЗЕЛС.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ