Измените на законите за персоналниот данок и за платниот промет на 71.собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 71. седница на чиј дневен ред се измените на законите за персоналниот данок, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост и на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање, како и за измените на Законот за пасиштата.
На дневен ред е и предлог на закон за дополнување на Законот за одбрана, како и измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, двата во прво читање.
На продолжението на оваа собраниска седница пратениците ќе го разгледаат и предлог законот за амнестија, поднесен од 11.069 избирачи, како и годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2014 година.
Неколку барања за давање автентично толкување на членови од закони исто така се на дневен ред за 71.собраниска седница.
Седница ќе одржи и Комисијата за локална самоуправа на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, во второ читање.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски