Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии
Со предложените измени на Законот за воздухопловство, што по скратена постапка денеска добија поддршка во матичната собраниска комисија, се предлага да се зголеми од три на шест години периодот за финансиска поддршка за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација.
- Сегашната регулатива предвидува финансиска поддршка во траење од три години за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација. Со цел да се поттикне развојот на пошироки мрежи на рути и да се поддржи одржлив раст на поврзаноста, се предлага зголемување на периодот на поддршка до шест години, се вели во Предлог законот, поднесен од пратениците: Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Јане Мицевски, Катерина Димитровска и Тони
Јаревски.
Според Предлогот, во Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/24, 224/24 и 3/25) во членот 49 став (3) зборот „тригодишна“ се заменува со зборот „шестгодишна“.
По Предлог законот не беа поднесени амандмани и Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.
Основни цели на Предлог законот за изменување на Законот за воздухопловство е овозможување на поголема флексибилност и поттик за развој на воздушната мрежа, што ќе резултира со подобра поврзаност, економски развој и поконкурентни цени.
Поддршка од собраниската Комисија денеска доби и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта, исто така поднесен од група пратеници.
Со измените, меѓу останатото, треба да се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ за плаќање патарина, освен во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и во други места. За таа цел ЈПДП треба да распише јавен повик со што правни лица кои ќе ги исполнат исполнуваат условите би можеле да вршат, продажба и надополна на М-ТАГ-овите.
- Досега иако имаше интерес од граѓаните, заради недостапност, односно можеа да се набават само во просторите на ЈПДП, се овозможува можност за избор на оператор што ќе направи мала дистрибутивна мрежа каде на граѓаните оваа услуга и овие можности и апаратчиња би им биле подостапни, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
Тој образложи дека со законските измени се дефинира што се подразбира под експресен пат што, потенцираше е многу важно за изведбата и динамиката на градба на нови патишта.
- Се овозможува и поставување различни алатки, инструменти согласно Законот што може да го забават сообраќајот, бидејќи во Македонија на делниците кај експресните патишта се наоѓаат многу школи, болници, градинки, итн., што може да доведе до ризик здравјето и ризикот на нашите граѓани. Исто така се земени предвид искуствата од сообраќајните незгоди и сметаме дека ќе може да помогне многу при зголемување на безбедноста, рече Јаревски.
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците