Изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје
Улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“, како и дел од булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ во центарот на Скопје денеска ќе имаат изменет режим на сообраќај, поради одржување на „Парада на гордоста“ од 12 до 17 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР, информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата