Македонија
22. јуни 2024 - 16:42

Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта

Високите температури вистински предизвик за православните христијани кои денеска одбележуваат Задушница, во знак на сеќавање на починатите. До нашата редакција пристигнаа снимки на кои се гледа голема гужва пред автобусите на ЈСП. Жителите тврдат дека со часови чекале да пристигне автобус на жешкото време, за да ги посетат гробиштата во Бутел.

Телефоните и денеска не престануваат во ѕвонат во скопската брза помош. До пладне имале 30-тина интервенции. Реагирале само кај најитните случаи, оти се соочуваат со недостаток на кадар.

Докторите препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита.Га

Во Скопје во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и град. Во Македонија ќе се задржи топлото време, но со постепено опаѓање на дневната температура.