Измамените од ,,Нефа" заедно ќе ја бараат правдата
Потрошувачите кои нарачале и платиле за парче мебел од ,,Нефа" се организираат за заеднички да ја бараат правдата по измамата од компанијата за мебел.
Тие веќе напаравиле вибер група за комуникација и ги повикуваат сите кои се измамени да им се приклучат.
Контактот го оставиле и во салоните на ,,Нефа", а побараа помош и од медиумите за информацијата да стигне до што поголем број од измамените потрошувачи.
Доколку сте еден од оштетените контактирајте го телефонскиот број : 078 254 318 преку вибер.
Пред две недели компанијата за мебел ги затвори своите салони и замина од земјата, а граѓаните кои нарачале и го платиле мебелот останаа без одговор дали ќе ги добијат парите назад.
До сега до инспекциските служби стотина граѓани пријавија дека се измамени од ,,Нефа".
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?