Судовите оценети со тројка
Обвинети, адвокати, тужители, јавни обвинители на судовите во Скопје им дадоа оценка три. Анекетата била спроведена во текот на декември во соработка со Здружението на судии и невладината „Сите за правично судење“. Најлоша оценка судовите добиле за брзината на одговор на прашањата упатени до судот.
Анкетираните дале оценка еден или недоволен. Услугата на судот пак ја оцениле како добра. Девет проценти од испитаниците кажале дека во судовите им бил побаран поткуп. Најголем дел изјавиле дека барањето било директно од судија или судски службеник.
Здружението на судии појаснува дека анкетата не се однесува за довербата која во друга анкета изнесуваше два проценти. Велат, со таа анкета и за останатите институции граѓаните дале ниска доверба. Споредба била побарана во најновата анкета, па услугата на судовите била оценета иста како и онаа за другите институции во државата.
Резултатите ги следеа судии, членовите на судски совет но и министерот за правда. Според Филков, анкетата е поразителна.
Анектата била спроведена врз 1.110 испитаници. Дел одговарале непосредно со анектираните, а дел преку електронска пошта. Од невладината за правично судење, велат дека резултатите треба да служат за подобрување на оценката која граѓаните им ја дале на судовите.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар