-->
-->
Измамен 91-годишен охриѓанец: Маж му побарал пари за да ги покаже на пријател во странство
-->
Во СВР Охрид на 24.04.2023 во 13.40 часот 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното во СВР Охрид, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја.
Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
