Изложба на уметнички дела од колекциите на Скопје
Изложба на 142 уметнички дела насловена „Од колекциите на Скопје“ синоќа беше отворена во Музејот на Град Скопје. Уметничките дела се во сопственост на Град Скопје, културните установи и јавните претпријатија.
Изложбата е составена од уметнички слики, скулптури, графики, цртежи на автори кои живееле и твореле во Македонија, а дел од уметничките слики, скулптури, графики од колекцијата на уметнички дела кои ги поседува Градот Скопје и неговите јавни установи и претпријатија се создадени од страна на основоположниците на македонската современа уметност, како и од страна на припадници на постарата генерација на ликовни уметници од Македонија.
Изложбата се организира под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а ќе биде поставена до 15 декември. За неа е отпечатен и репрезентативен каталог. бк/паг/12:39
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања