Изложба на Татјана Манева во Куманово
Изложба на слики на авторката Татјана Манева ќе биде отворена вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Кумановци ќе имаат можност да проследат 16 дела во поголем формат кои авторката ги работела во периодот од 2017 до 2019 година.
Кумановци првпат ќе имаат можност да ги видат делата на Манева која досега реализирала бројни самостојни изложби во државата и странство, Германија, Црна Гора, САД, Кина, Холандија.
Манева магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на остек графика и е добитничка на бројни награди во државава и странство.
– Сликите на Татјана Манева се откривање-барање на исчезнатото тело, загубено во историјата, заслепено од блескавите и разнобојни светла на што самото се прождира и кое само себе се произведува од минијатурни клетки, матрици и мемории, од кое останало само клише, код, испразнета форма, некаква поза, декор, слика, пишува за сликите на Манева, Емил Алексиев.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 8 ноември, годинава.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути