-->
-->
Изложба на ликовниот уметник Коле Манев во Софија
-->
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложбата „Неспокој-Спокој" од Коле Манев. Неговите дела софиската јавност ќе може да ги види до 13 ноември.
Изложбата, која финансиски е подджана од Министерството за култура на РМ, вечер ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ Васко Шутаров.
Коле Манев (1941) завршил средно уметничко училиште во Скопје во 1960 година и положил приемен испит на Ликовната академија во Белград. По завршувањето на првиот степен од Академија се вратил во Скопје и се вработил во Македонската телевизија каде како режисер се насочил кон анимираните и документарните емисии. Во 1967 година заминал за Париз и ги направил првите професионални обиди за сликање и изучување на ликовниот занает.
Од 1984 година, како самостоен уметник, интензивно му се посветил на сликарството со чести патувања во Париз каде ги реализира првите самостојни изложби. За својата ликовна активност добил голем број награди, како „Нерешки мајстори“, четворократен добитник е на наградата „Мал-формат“, како и наградите за „Цртеж“ на ДЛУМ, „Наше историско минато“ и наградата на ликовната манифестација во Цетиње, Црна Гора.
Во 2006 година од Министерството за култура на Република Франција е прогласен за „Почесен витез од областа на културата и творештвото“. Член е на Друштвото на ликовни уметници на македонија (ДЛУМ) од 1974 година. Има реализирано преку дваесет самостојни изложби и учесник е на многубројни групни изложби. Живее и работи во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија