Изложба на дигитални принтови во Музеј на град Скопје
Изложба на дигитални принтови од Кирил Василев насловена „Мостри на една случајност“ вечерќе биде отворена во Музејот на град Скопје.
„Мостри на една случајност“, вели авторот, бара одговор на прашањето во едно парче случајни податоци што го користи како образец кој според три правила: умножи, собери, повтори... прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело.
- Со сета своја безначајност, само-постоењето бара потврда во со-постоење и затоа сме сведоци на еден раскошен свет што го осознаваме откривајќи правила, наспроти неговата променлива природа. Сите движења и промени можат да имаат непредвидливи последици кои обично ги толкуваме како случајност и неред. Количеството случајност во делот на градбата што не може да се сведе на попрости честички, влијае на сложеноста на обликот. Уредувањето мора да биде според правила, бидејќи без нив би било како мајмуни да ги пишуваат собраните дела на Шекспир, вели Василев.
За денешниот светоглед, додава, постоењето е непредизвикан настан а животот зачнал случајно.
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички