Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш почнува за десетина дена
Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе почне за десетина дена и можно е негово завршување до крајот на оваа година, најави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
- Не очекуваме проблеми во делот на имотно-правните односи и во некои други спорни ситуации. Тоа значи дека ќе има сериозна офанзива на изведба и можно е до крајот на оваа година комплетно да биде завршен овој патен правец, рече Заев, додавајќи дека веќе е потпишано одобрението за негова градба и избран е изведувач на работите.
Најави изградба на многу капитални проекти во следниот период меѓу кои и изградбата на Чебрене и Галиште за кое рече дека државата сама ќе го гради.
- Како проект не го даваме на тендер. Дефинирана е варијантата која ќе ја градиме, рече Заев.
Во однос на гасификацијата, премиерот Заев рече дека се работи на неколку потези на изградба на примарната мрежа, но апелираше до градоначалниците да ги изработат проектните документации и да ја искористат можноста што ја дава Европската банка за обнова и развој за финансирање за секундарната гасоводна мрежа.
Пратениците се интересираа и за активностите што ги презема Министерството за земјоделство во насока на зголемување на производството на кочанскиот ориз, на што министерот за земјоделство Љупчо Николовски одговори дека откако ја презеле власта спроведени се низа мерки како исплата на заостанатите субвенции за оризот за две години и зголемени се субвенциите по хектар се со цел да им излезе во пресрет на оризопроизводителите.
- Она на кое сме фокусирани сега е отворање нови пазари и овозможување на непречен пласман на производите, вклучително и на оризот, рече Николовски.
На денешната седница имаше и прашање за признавањето на стажот на граѓаните од Македонија кои работеле во Косово на што министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одговори дека двете држави имаат потпишано договор за потврдување на стаж, но не и договор за социјално осигурување и оти кога ќе се создадат услови, ќе биде потпишан и ваков договор.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана