Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски.
Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во земјава, Србија и пошироко.
Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Стефановски излегува на сцена.
Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници „Legendary“ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.
- Концертната сцена е местото каде што музиката се доживува најнепосредно – под рефлектори, без филтери. „Влатко Стефановски е уметник кој постојано покажува дека звукот може да биде и емоционален компас и културен идентитет, вели авторот на изложбата, новинарот и куратор Ненад Георгиевски.
Изложбата е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и ќе биде отворена за посетители до 8 јули. Таа е поддржана од Министерството за култура и туризам.
За првпат изложбата беше поставена во галеријата Мала станица во јуни лани во рамки на фестивалот „Скопје Синема Сити“
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила